ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот

by Fokus

Случајот Рекет најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, наведуваат во соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта. Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев, истакнуваат оттаму, граѓаните заслужуваат многу подобро.

 

Поврзани новости