Вакцини во Македонија нема, ама затоа Македонија ги има Филипче и Заев кои се прогласени за извор на лажни вести. Тоа го потврди и Американскиот научно-здравствен совет, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче и Заев лажат во врска со вакцинацијата веќе половина година. Тие минатата година есента уверуваа дека сме најподготвена земја за старт на вакцинацијата. Филипче во октомври минатата година рече дека вакцини во Македонија ќе има на време. Сите држави почнаа вакцинација од декември, вакцини во Македонија нема никакви, посочуваат од опозициската партија.
Од таму нагласуваат и дека додека соседна Србија се подготвува за производство на руска вакцина, во Македонија нема ни една вакцина.
-Вакцинацијата требаше да стартува на крај на декември, па почеток на јануари, па крај на јануари, почеток на февруари. Денес е осми февруари, во Македонија нема никакви вакцини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.