ВМРО-ДПМНЕ: Постои сомнеж дека Груби аудито го добил затоа што влијаел на милонски тендер, ОЈО да го испита случајот

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара Основното јавно обвинителство да го истражи случајот со опожареното „ауди“ во дворот на вицепремиерот Артан Груби, бидејќи има сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание.

„Изгореното Ауди во дворот на Груби отвори сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание. Всушност еден криминален чин на виделина извади друг. Но Јавното обвинителство молчи како да има дадено омерта, колку и да звучи тоа парадоксално“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби.

„Оваа компанија по багателна сума од 55.000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на се Артан Груби добива право на користење на аудито 8 дена откако фирмата која му го дава, купува хотел на Шапка по багателна цена“, вели во соопштението до јавност ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија прашуваат кој дава туку така луксузно возило на користење, ако се има предвид дека е  купено 80.000 евра.

„Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и на крајот дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило? Овие прашања Груби очигледно не ги одговара, но Јавното обвинителство е по службена должност е повикано сето ова да го испита. Овде смрди на матна зделка, која ако не сега во иднина ослободените правосудни институции ќе ја проверат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости