ВМРО-ДПМНЕ: Порталот кој објави за скриен имот на Мицкоски бил во сопственост на Груби

by fokus

Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара извинување од медиумите кои објавија дека тој поседува скриен имот, денеска од неговата партија велат дека порталот индекс.мк Артан Груби го користи да се пресметува со своите неистомисленици, а истиот порано бил и во негова сопственост.

-Дури и малите пилиња знаат дека е под негова контрола. Овој парамедиум на почетокот беше регистриран на име Артан Груби и е прв сопственик на сајтот, а тоа лесно може секој да го провери.
На тој начин Артан Груби сака да го покрие скандалот во кој неговиот брат се стекна со деловен простор, по 5 пати пониска цена од реалната. По само 700 евра квадрат, тој стекна имот во најстрогиот центар на градот, кој вреди 5 пати повеќе.
Згора на тоа директорката на бирото за метрологија, која го овозможи сето ова поседува скриен имот хациенда на Попова Шапка, а е позната по тоа што набави комбе од 600 илјади евра, кое не вреди ниту 100 илјади.
Артан Груби, треба да престане да ја замајува јавноста, преку измислени приказни и да одговори, која е причината за ниската цена на дуќанот, кој неговиот брат го купил за 5 пати поевтино од нормалната, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие прашуваат дали се работи за плаќање во кеш, за да се избегне потеклото на парите или пак за некое ветување за стекнување на друга корист.

Поврзани новости