Зоран Заев за Кумановската група обвинета за убиство на 8 полицајци во Диво Насеље ветуваше амнестија и меѓународна истрага наведени во Тиранската платформа, се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
-Членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат, вршат тортура и линчуваат политички неистомисленици на Зоран Заев.
Непостапувањето на власта и замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Политичка и кривична одговорност за нарачателите и за тие кои не сторија ништо за да се спречи тепањето на Ристовски и Јанакиески мора да има. Одговорните за овој скандалозен акт мора да бидат изведени пред лицето на правдата.
Случајот не смее да се заташка со бледи обиди за избегнување на одговорност. Зоран Заев и Рената Десоска мора веднаш да поднесат оставка за да може да се спроведе истрага која ќе резултира со одговорност на вистинските нарачатели.
СДСМ апсолутно никако не може да избега од фактот дека беше дозволено да бидат претепани поранешни министри и политички неистомисленици на Зоран Заев. Ваквиот случај е невиден срам за земја која себе се нарекува демократска и претендира да биде дел од европското семејство.
СДСМ свесни дека немаат поддршка од граѓаните на Република Македонија почнаа да креираат страв во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите.
Откако е СДСМ на власт сведоци сме на секојдневен политички прогон на неистомислениците. Луѓе се затвораат и малтретираат само заради тоа што не се согласуваат со погрешните политики на власта.
Ваквото насилие од страна на власта мора веднаш да заврши. Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни дури ни во своите домови. Затоа народот ќе го казни СДСМ и Зоран Заев на претседателските избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори со што повторно ќе се вратат правната држава и демократијата во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.