371
ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација против пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска затоа што како претседателка на Комисијата за избори и именувања, без завршена комисиска расправа до пленумот поднела предлог за избор на двајца уставни судии.
Образложението на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата е затоа што Георгиевска постапила противуставно и противделовнички.
Од друга страна,Георгиевска вели дека нема член од Деловникот што и забранува парцијален извештај, иако признава дека не постои ни член што и дозволува такво нешто.