ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани на Предлог-буџетот за 2022 година

by Fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година. Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи буџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

-Поднесовме околу 220 амандмани преку кои ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што се уште може да се поправи. Поднесовме голем број суштински амaндмaни во сферата на енергетиката, образованието, здравството, животната средина, изјави Стојаноски, додaвајќи дека тие се произлезени од потребите и барањата на граѓаните и од стручната јавност. Изрази надеж дека власта ќе се охрабри, ќе дискутира за проблемите и предизвиците и оти ќе ги прифати нивните понудени решенија.

Поврзани новости