Опцијата за водење на Македонија во иднина е ВМРО-ДПМНЕ. Нормално дека оваа политичка реалност, која што е сега во државата не очекувам уште долго време да биде ваква каква што е. Нормално тоа зависи и од нас, како ние во периодот што следи ќе се поставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период поддржа жена за претседател, за жал не успеавме во таа намера, поради инженерингот кој што се случи на тие избори, но можам да кажам дека од тие избори започна сериозна реформа во партијата и поинаков пристап во водењето на политики. Тогаш почитуваната проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова се нафати на тој предизвик. Позади нејзе застанавте вие, застана партијата, појасни Мицкоски.
Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поддржа и жена кандидат за градоначалник на град Скопје. Арсовска успеа и победи на локалните избори, и сега главниот град има жена градоначалник.
Мицкоски во текот на своето обраќање рече дека денес во Македонија има корумпирани политичари кои што поддржуваа политичари кои што за жал ја заробија државата. Политичари кои што на милитантен начин тоа што не им успеа пред неколку децении сега им успева од внатре од системот да ги уриваат институциите.
Вработените во тие институции кои што тие ги водат се целосно демотивирани. Тие институции немаат дисциплина, комплетно се финансиски и материјално се уништени, заробени од страна на претставниците на власта, додаде лидерот на опозициската партија.