ВМРО-ДПМНЕ почнува со кадровски промени

by Frosina Fakova

Со распишување на два јавни повика, ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со кадровски промени, односно со катарза како што беше најавено од партијата.

„Почнуваме со кадровско освежување и катарза најавено од претседателот Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани“, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги повикуваат сите членови кои ги исполнуваат условите да аплицираат и најавуваат, како што велат, нови освежувања во партијата.

Поврзани новости