ВМРО-ДПМНЕ побара дополнување на дневниот ред со што ја прекина седницата на Комисијата за именувањето на директорот на АНБ

by Fokus

Не се одржа собраниската седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), на која требаше да се расправа за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски, по предлог на опозициската СДСМ.

Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ предложија уште две точки, со што точката за Христовски стана трета точка. Пратеникoт на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачи и претседателот на пратеничката група на владејачката партија, Никола Мицески се судрија со претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи околу дневниот ред на седницата, по што настана тензична атмосфера во Собранието.

Реџепи рече дека нема да го дополни дневниот ред со ваквите барања, зашто ниту тој, ниту неговиот заменик немале безбедносни сертификати за да вршат надзор над АНБ и АР. По што тој ја прекина седницата.

Уште на почетокот на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешка на терминот „незаконско”.

Поврзани новости