ВМРО-ДПМНЕ побара директен пренос од расправата за уставните амандмани, Џафери одби

by fokus

Уште непочната расправата за уставните амандмани попладнево беше паузирана на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо во 13.00 часот, седницата почна половина час подоцна и не поминаа ниту две минути откако претседавачот и собраниски спикер, Талат Џафери, седна во своето столче, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе побара процедурален збор.

Пратеникот и координатор, Никола Мицевски, побара од Џафери да обезбеди директен пренос од расправата на Комисијата. Како што рече тој, станува збор за предмет од исклучително значење за кој се заинтересирани сите граѓани.

Џафери го одби ваквото барање и рече дека согласно Деловникот на Собранието, правото за информирање на јавноста е покриено преку присуството на медиумите во салата.

Поради тоа Мицевски побара пауза од еден час, но Џафери дозволи пауза од 30 минути. Седницата ќе продолжи во 14.30 часот.

Во салата денеска присуствуваа премиерот, Зоран Заев, како и екс премиерот, Никола Груевски, кој во Собранието дојде од суд каде присуствуваше на рочиште како обвинет во предметот „Титаник“.

Поврзани новости