После Димитар Ковачевски, највисока плата зема најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски месечно за својата неспособност зема плата од над 153.000 денари, а власта на СДС и Ковачевски ќе им даваат само по 1000 денари на граѓаните во следните 7 месеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека на граѓаните им даваат помош од 1000 денари, Спасовски со покачувањето зема над 2500 евра плата, или секој работен ден за 50 евра повеќе. Во мандат на Спасовски се случија пет мафијашки престрелки, низ трговски центри, кафичи, улици, а се уште нема ниту еден приведен. Во мандат на Спасовски се доделија 215 македонски пасоши на белосветски нарко босови. Во мандат на Спасовски има дојави за бомби во училишта, станбени згради, државни институции, а до ден денешен нема ништо од истрагата. Во мандат на Спасовски сред бел ден деца и граѓани исчезнуваат. Во мандат на Спасовски командири на полициски станици пукаат на семејни прослави и се фалат на социјалните мрежи. Во мандат на Спасовски осудени убијци бегаат од затвори, криминалот царува, а мафијашите владеат, набројуваат од опозицијата.