ВМРО-ДПМНЕ: Плата од 500 евра нема, како што нема почист воздух

by Fokus

Плата од 500 евра нема, како што нема почист воздух, Заев ги повторува истите лаги, народот повеќе не му верува, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ имаа две години да направат нешто за Македонија, наместо да се посветат на економијата и создавање на подобар животен стандард за граѓаните, власта се насочи кон распродавање на државните и националните интереси. Заев го нанесе најголемиот национален пораз на државата, неколкукратно го погази уставот, законите и процедурите, при носење на законот за двојазичност, а ги погази граѓаните при промената на името. Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и не го реализира. Просечна плата од 500 евра со СДСМ нема да има, исто како што нема почист воздух – истакнаа од ДПМНЕ.

Поврзани новости