ВМРО-ДПМНЕ: Планот на Заев за негација и федерализација на Македонија почна да се реализира

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е човеков којшто без срам ја отвори вратата за дебатирање и оспорување на македонскиот идентитет, како и федерализација на Македонија, што веќе почна да се реализира на дело, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Питер Ванхауте под маската на дипломат отворено зборуваше за редефинирање на Република Македонија. Албанската пратеничка, Месила Дода јавно пред сите се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида. Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави, молчеа и се уште молчат“, стои во соопштението на партијата.

Од таму додаваат дека Заев избира меѓу интересите на мнозинството Македонци и намерите на Зијадин Села, кој од позиција на влада сите Македонци во Струга сака да ги избрка од работа и да ги прогласи за технолошки вишок.

 

Поврзани новости