692
На прашањето во вечерашното интервју на Канал 5 дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Христијан Мицкоси потврдно одговори изјавувајќи дека она што е на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен.
-Да, да, се е планирано тоа што го кажувате (протести и бунт). Еве најавувам ќе повикаме на општествена поддршка. Тоа што го гледаме на анкетите треба да се преслика на терен. Доколку не се преслика, значи не сме ја имале таа поддршка. Но, ја имаме. Доволно е да ги гледаме утринските емисии и ќе видиме дека има незадоволство, рече Мицкоски.