Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните директорски фотелји во ситуација кога и Филипче, и Артан, и Заев треба да си дадат оставки, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ за писмото што го испратија директорите на сите Јавно здравствени установи во кое бараат премиерот, Зоран Заев да не ја прифати оставката на министерот за здравство, Венко Филипче.
-Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев се уште не се изјаснил дали да ја прифати. Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност. Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага. Протестот на граѓаните од Тетово праќаат порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа. До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.