ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека власта не е спремна за легитимен попис

by Фокус

Ако толку Стево Пендаровски беше загрижен за пописот, немаше да биде крај на светот доколку му се спротивставеше на Зоран Заев и не го потпишеше Законот за фалсификат попис, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Пендаровски  на ТВ 24 порача дека нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец-два.

Самото барање на Пендаровски за одложување на пописот е признание дека власта не е спремна за легитимен попис и дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот се оправдани. Сегашната негова реакција е задоцнета“, стои во реакцијата на ДПМНЕ.

Поврзани новости