ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски призна дека сојузниците барале Димовски да не биде амбасадор, неговиот наследник во АНБ спорен заради случајот Онишченко

by Fokus

Стево Пендаровски се изгуби вечерва помеѓу желбата како полтрон да се истакне во СДС за да добие поддршка за кандидатура и да биде аналитичар допадлив за јавноста, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Пендаровски како што велат од опозиционата партија  признал дека влијателни земји, наши сојузници имале критика до Владата, Виктор Димовски да не оди амбасадор во Франција, како што сака Ковачевски.

Проблемот со Виктор Димовски е заради случајот Онишченко, човек кој се мешал и во изборите во САД, како што кажа Пендаровски, , велат од опозиционата партија.

Според ВМРО ДПМНЕ Пендаровски признал и дека Ковачевски направил грешка со назначувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ бидејќи и тој како и Виктор Димовски е дел од скандалот со Онишченко.

И Виктор Димовски и Зарко Милошевски се срам за Македонија и НАТО. Тие се опасност за целиот Сојуз, се вели во реакцијата на опозиционата ВМРО ДПМНЕ во која потсетуваат дека  СДСМ е 7 години власт и не може веќе некој друг да е виновен за хаосот.

Поврзани новости