ВМРО-ДПМНЕ: Патриотите во притвор се политички обвинети

by Fokus

„Патриотите во притвор се политички обвинети. Тие мора да бидат ослободени. Конструираниот случај против десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам мора да запре, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Десетици неправедно и неосновано осомничени патриоти се наоѓаат во притвор заради неаргументирани барања на ОЈО. Тие се жртва на политичката инквизиција која и се случува на Република Македонија. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот и своите одлуки да ги донесуваат исклучиво согласно позитивните законски норми. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде скратено –  се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости