ВМРО-ДПМНЕ: Ова е флагрантна злоупотреба на европското знаме за закони кои не се во согласност со европското право

by fokus 18:51
18:51

Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните. Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата. Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности, се вели во партиското соопштение.

- Advertisements -

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.

 

Поврзани новости