546
Зоран Заев ветуваше Европска унија, бесплатно здравство и високо образование, а најголем дострел му е писмо за Отворен Балкан“, реагираат од „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Ковачевски, велат оттаму, треба да одговорат дали „Отворен Балкан“ е замената за Европската Унија која е јасно дека со оваа влада станува недостижна цел.
„Отворен Балкан“ не може да биде замена за Европската унија. Добра е регионалната соработка, но Отворениот Балкан не смее да биде прифатен за утешна награда како замена за стратешките цели кон кои цели државата“, додаваат од партијата на Мицкоски.