Откако денеска Зоран Заев му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека треба да престане со собирите како предизборни активности бидејќи се опасни по здравјето на народот, од опозициската партија возвратија дека тој треба да биде загрижен и за организирањето на митинзите на СДСМ.
-СДСМ и Зоран Заев се главните ширачи на ковид-19 во земјата. Веќе подолг период Република Македонија има трицифрена бројка на новозаразени, а неспосбната СДСМ не знае и не умее да се справи со оваа ситуација. Заев треба да биде загрижен и за организирањето на нивните митинзи. На еден таков јавноста сведочеше деновиве, а истиот беше организиран со затворениците во затворот во Идризово. Наместо Заев да шири приказни и да глуми загриженост нека даде одговори на јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.