606
Откако судот денеска ја отфрли тужбата за клевета која шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, ја поднесе против опозициската ВМРО – ДПМНЕ, од партијата посочуваат дека поднесувањето на тужбата бил нејзин блам.
-Отфрлањето на тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ претставува очекуван потег, но и тежок блам на главниот обвинител и извршител на Заев.
Неспорен факт е дека дури ни руинираното трас-трас судство не може да го покрие самоволието на Заев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.