ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за рачно броење на гласовите, ќе поднесе тужби до Управен

by Frosina Fakova

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за рачно пребројување на гласовите од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули и најавува тужби до Управниот суд.

-Одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие поднесените приговорите и да издаде Решение со таква одлука го наштети изборниот резултат постигнат на предвремените парламентарни избори и со тоа нанесе штета на севкупниот изборен процес, но и врз угледот на Република Македонија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Тужби до Управниот суд по Решенијата од ДИК. ВМРО-ДПМНЕ поднесе два суштински приговори до ДИК во однос на барање на физичко пребројување на гласачките ливчиња од сите 3480 избирачки места во државата, заради утврдување на точен и конечен резултат од предвремените парламентарни избори од 13, 14 и 15 јули, како и во делот на свесната кампања со наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче, соопштуваат од партијата.

Најавуваат тужби до Управниот суд и сметаат дека овој суд ќе ги прифати нивните тужби.

Поврзани новости