811
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова од денеска не е дел од советничката група на оваа партија.
Таа сама од говорницата на градскиот Совет кажа дека од денеска дејствува како независна. Ваквата нејзина изјава беше поздравена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска.
„Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Вие ја блокирате работата на Градот, јас нема да бидам дел од тоа“, рече Попова, која што влезе во вербален конфликт со претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески.