2
Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?
Вчера Сашо Ордановски, еден од главните советници на СДС и нивна сива еминенција со навреди го нападна претседателот Трамп, кого го нарече лажго и необразован, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Сашо Ордановски сивата еминенција во СДС го нарече потпретседателот на САД Џеј Ди Венс неонацист.
Дали СДС менува курс во политиката и тргна против нашиот стратешки партнер, САД?
Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД.
Свесен ли е Венко Филипче која штета ја прави за државата?
Очајот на СДС нема крај“ се вели во соопштението на владејачката партија.