ВМРО-ДПМНЕ оди на избори без разлика што ќе кажат ЕУ и САД

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори на 24 април, без оглед на тоа каков ќе биде извештајот на ЕУ и САД за тоа дали има услови за избори, кој треба биде објавен денеска, соопшти Илија Димовски на прес конференција.

-Нема ниту еден кредибилен аргумент поврзан со роковите и обврските, како и капацитетите на ДИК, кои зборуваат за тоа дека тие не се подготвени да ги спроведат изборите. ВМРО-ДПМЕ прифати се што беше ставено на маса од опозицијата, а на директен или индиректен начин во надлежност на СДСМ се и двата клучни ресора за спроведување на изборите на чело на МВР е нивниот генерален секретар, а ДИК има целосно променет состав, изјави Димовски.

Поврзани новости