ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе обелоденува нови криминали на власта

by Fokus

Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната трибина организирана во партиското седиште на тема „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“ најави дека утре ќе објави, како што го нарече, криминален скандал за злоупотреба на Законот за јавни набавки и злоупотреба на кризна состојба и договори во четири очи, за еден случај на непотизам, непотизам, кронизам, протекционизам.

Еден скандал за кој што од утре ќе започнам серија на прес конференции со документи поткрепено. А, во случајот со само два договори во четири очи со „Дрисла“ фирма која што инаку во првични рамки не би добила тендерите успева за две години да направи речиси милион евра да повлече од сметката на „Дрисла“, рече Стоилковски.

 

 

Поврзани новости