762
Првиот ден од годината со честитка на Ковачевски до народот за поскапа струја и парно, е напишано во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани работници, земјоделци, стопанственици, професори, наставници, доктори и останати здравствени работници, невработени, луѓе кои едвај крај со крај врзуваат. Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Првиот ден од новата година се започна со одлука на владата на Димитар Ковачевски за 14,5 проценти поскапо парно, и над 15 проценти поскапа струја и укината евтина тарифа за струја“, е наведено во писмената реакција од оваа партија.