Од предложените 706 амандмани од страна на опозицијата разгледани се само 62 и сите се одбиени. Опозицијата со 51 пратеник претставува над 450000 гласачи, а никој од актуелната власт не сакаат ни да го слушнат нивниот глас и проблеми. Владата не сака да слушне за проблемите на овие луѓе, а нe пак за нивно решавање, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
“Доколку СДСМ сака да се однесува како демократска партија треба да престане да се однесува како да се сопственици на Република Македонија и за сите важни прашања во Македонија ќе мора да се консултира со опозицијата и да го земе во предвид нивното мислење.
СДСМ мора да почнат сериозно да ги земат во предвид барањата и потребите на сите граѓани на Македонија и да излезат во пресрет со нивно брзо решавање, во спротивно само ќе ја потврдуваат нивната неодговорност, неспособност и негрижа во своето владеење“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.