Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„20 тина активисти на СДС и Венко Филипче, така изгледаше фамозно најавуваниот протест пред МОН вчера. Венко Филипче нема поддршка од наставниците, затоа што знаат дека е лицемерен. До вчера Венко Филипче беше власт и можеше да им ги покачи платите, тоа не го стори.
Венко Филипче очигледно е пуштен низ вода и во СДС од тие кои му кажале да организира протест, на кој има помалку луѓе отколку функционери во СДС.
Филипче треба да си замине од политиката. Нема поддршка од никого. А СДС треба силно да се реформира.
За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ мисли на наставниот кадар. Платите на наставниците ќе се зголемат од март. Наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“ порачаа од владејачката партија.