ВМРО-ДПМНЕ обвинува СДС и купи партија на Арсовска, таа најавува кривични

by Fokus

ВМРО – ДПМНЕ со соопштение вечерва обвини дека СДС и купиле партија на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која стана претседател на партијата Нова алетернатива.

-Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС. Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки. Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска пак во изјава за медиумите во врска со ова кажа дека овие тврдења и биле смешни и најави кривични пријави за ваквите информации.

Поврзани новости