Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес – конференција обвини дека министерот за здравство, Венко Филипче и неговото семејство поседуваат над 13,500 квадратни метри градежно земјиште на Водно и оваа афера ја нарекоа „Шпанско село 2“ и ја спореди ја со аферата од деведесеттите кога на Водно во близина на скопското селото Нерези, како што тврдат, изникнале огромни хациенди- дивоградби во сопственост на олигарсите на СДСМ.
– Ако до вчера Филипче не одговараше за во народот познатиот објект „Касарната на Филипче“, денеска јавно го прашувам дали знае чии се над 13,500 квадратни метри градежно земјиште, вклучително и земјиштето каде се гради популарната Касарна? Семејството Савески на сопругата на Филипче е сопственик односно сосопственик на 7 катастарски парцели со вкупна површина од 6.164 м2. Горан Филипов е сопственик односно сосопственик на 8 катастарски парцели со вкупна површина од 7.342 м2. Согласно важечкиот урбанистички план, кој што дополнително е развиен со Архитектонско Урбанистички План, финансиран од Инвеститорите за споменатите локации, е предвидена намена А4. Согласно Правилник За Стандарди И Нормативи За Урбанистичко Планирање, под времено сместување се подразбира градби на хотели, мотели, викендици, старски домови и други објекти за времено сместување. Фактичката положба и издадените одобренија укажуваат дека се градат два објекти со намена „Времено сместување“. Ова пак е дијаметрално спротивно со истакната табла пред објектот Касарна која што се гради и на која што стои дека се гради семејна куќа. За семејна куќа се издава А1!
Спрегата меѓу Филипче и Филипов е многу поголема и трае многу подолго отколку што вели Филипче. Се работи за добро познати семејно поврзани лица, кои што долги години споделуваат и заеднички имоти, влегуваат во заеднички инвестиции, а Здравство му одобрува тендери од 7 мил евра! Па што тоа планирал Филипче да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо да изгради на пример една болница или Клиничкиот центар? Дали тендерите доделени на семејно врзан партнер не создаваат конфликт на интереси? Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот на Филипче со Боки 13? Како со чесна плата се стига до 13.500 м2 на Водно?, изјави партискиот портпарол, Наум Стоилковски.