„Владата на СДС си поигрува со здравјето на граѓаните. Неколку месеци не се набавуваат таблети и лекови за опасната болест маларија. Никакви оправдувања нема да ја амнестира од одговорност владата за недостапноста на лекот против маларија во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Заради негрижата на владата, граѓаните кои се засегнати да ги примаат овие лекови мораат да одат во некоја од соседните држави за да ги купат. Очигледно ништо не се остварува од ветувањата дадени пред изборите од страна на СДС. Ветуваа подобро, подостапно и бесплатно здравство, ветуваа живот, ветуваа 100.000 денари плата за докторите, а очигледно и после шест месеци не можат да набават ниту еден лек против маларијата. Новороденчиња умираат, а не се превзема ништо. Секојдневно читаме по медиумите се потрагични случаи на медицинска негрижа по болниците – се наведува во партиското соопштение.