ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека еден од приведените за дрогата е возач на Заеви, од Владата не одговараат

by fokus

Од владиниот кабинет за 360 степени единствено велат дека очекуваат брза и темелна истрага независно за кого станува збор, додека од МВР посочуваат дека не можат да откриваат идентитет на осомничени.

Нема одговор од Владата дали еден од приведените во акцијата во која се запленети 200 килограми марихуана е возач на Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев. И дали комбето во кое е откриена марихуаната е на фирма поврзана со Заеви.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вечерва го повтори прашањето дали комбето во кое е фатена марихуаната е на фирма поврзана со Трајче и со Бобан Заев.

Од Владата единствено велат дека очекуваат брза и темелна истрага независно за кого станува збор.

-Владата очекува брза и темелна истрага од на надлежните инситуции, одговор на прашањата кои се од интерес на јавноста и неселективно постапување без разлика за кого станува збор. Доколку некој постапил незаконски мора да се соочи со одговорност. Во врска со сопственост на возила на приватни субјекти ве упатуваме за тоа да прашате во компаниите кои се предмет на интерес.

Поврзани новости