СЈО е експозитура и продолжена рака на СДС. СЈО покренува обвиненија без докази, преполни со манипулации и без аргументи Обвиненијата на СЈО се со политички квалификации и преполни со правни преседани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден од случаите кој беше предмет на класична манипулација е и „Титаник“ каде на површина излегува политичката желба за слабеење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Целиот случај се сведува на парадоксално обвинение за изнајмени подметачи на чаши, бина и озвучување, а во јавноста лажно се преставува дека се работи за организиран криминал од невидени размери, истакна Дарко Костовски.
Истовремено, додаде тој, СЈО сака лажно да ги престави за криминални донациите во ВМРО-ДПМНЕ кои што се чисти, спроведени согласно закон.
-Донации годишно има од 25 илјади членови и помагатели. Од 25 илјади донации, тие нашле според нив сомнителни неколку десетина уплатници на лица кои изјавиле дека не се сеќаваат на потписите бидејќи се работи за случај од пред неколку години, како и лица зад кој стои јасен политички мотив бидејќи актуелно се дел од други политички партии и структури и јавно се прокламираат за дел од партии кои се партиски конкуренти на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозно е што поради овие неколку десетина уплати тие целата партија ја обвинуваат за сите 25 илјади уплатници што преставува правен преседан. Ова нема никаква врска со право. Ова е јасен политички случај. Без докази, без било какви аргументи се врши политичка хајка. Ова доказ дека СЈО дејствува како политичка а не правна алатка, подвлече Костовски.