823
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште десет кандидати за градоначалници со кои коалицијата што ја предводи ќе настапи на локалните избори:
-за Ресен, Јован Тозиовски,
-за Крушево, Билјана Проеска,
-за Делчево, Николчо Стојменовски
-за Ранковце, Борче Спасовски
-за Ново Село, Ѓорѓе Божинов,
-за Василево, Славе Андонов,
-за Дебарца, Саше Силјаноски,
-за Кавадарци, Митко Јанчев,
-за Зрновци, Борчо Коцев
-за Кратово, Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија
Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција наведе дека програмата за мандатот, анкетите меѓу локалното население и анкетите со можните противкандидати се причините за овие луѓе да бидат избрани за кандидати за градоначалници.