ВМРО-ДПМНЕ објави „бомба“ со Сугарески, СДСМ ја демантира

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави аудио снимка за која тврди дека се слушаат гласовите на Миле Талески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

-Од аудио снимката која е пуштена во интернет просторот, се слушаат гласовите на Миле Талески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски на состанокот со нововработените во прилепската болница. Тие директно им кажуваат и им даваат задачи дека сите нововработени како надомест за добиеното работно место мора да истрчаат за партијата на изборите. Во конкретниот случај треба да истрчаат за Стево Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседател на ОО Прилеп, Миле Талески демантира дека имало злоупотреба и притисоци и „бомбата“ на ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „петарда, која ВМРО-ДПМНЕ си ја испука во сопствената рака“.

ДПМНЕ прави очајнички обид да ја дефокусира јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски. Денешната снимка самата покажува на јавноста што значи одделување на партијата и државата. Станува збор за снимка направена на партиски состанок, во партиски простории, во предизборие, кога се бара глас повеќе од граѓаните како и во секоја друга кампања. Повторувам, Јас и Горан Сугарески, на тој редовен состанок во партијата, сме во улога на партиски функционери кои одржуваме партиски состанок во партиски простории, надвор од работно време, вели Талески.

Поврзани новости