Кадровските решенија за владата на Зоран Заев се стари истрошени транзициски кадри, изјави на прес-конференција Бети Стаменкоска-Трајкоска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела фамилија во државна администрација. Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“. Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес – рече Стаменкоска-Трајкоска.
Одговарајќи на новинарско прашање околу иницијативата за свикување на вонреден конгрес за избор на ново партиско раководство, таа посочи дека нивниот приоритет е борбата против катастрофалното владеење на Заев, а се друго, како што рече, помош за Заев.