598
Додека сите без исклучок се вакцинираат, во некои држави и бираат со каква вакцина против корона, Филипче спие. Додека сите добија веќе втора или трета тура на вакцини, во Македонија нема ни една, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче за вакцинацијата против Ковид-19.
-Сега на ред во низата лаги на Филипче е дека не добиле доволно соседите кои му ветиле вакцини па затоа не ни дале?! Што прави Филипче освен што секој ден смислува и кажува лаги. Очигледно само за своите и интересите на Заев се грижи. Неспособноста на Филипче и Заев, нивната зафатеност со корупција и криминал граѓаните ги чини живот, пишува во соопштението на опозициската партија.