ВМРО-ДПМНЕ: Ништо од најавуваното зголемено мнозинство

by fokus

Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ. Владата на пиунот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако новата влада синоќа се изгласа со 62 пратеници.

-Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции. Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема. ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ ДУИ, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости