Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија министерот за земјоделие, Љупчо Николовски разрешил и прераспределил преку 50 вработени во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да ги задоволи своите партиски и политички причина и да испразни место за партиски послушници.
-Некои од овие лица се распоредени и надвор од местата на живеење, а на нивно место се назначени партиски кадри на СДС, спротивно на Законот за администрација и спротивно на Изборниот законик. На политичките подобните лица, Министерот за земјоделство им додели овластувања за раководни позиции и државни средства на раполагање, иако за тоа немаат потребни квалификации и работно искуство кое е предвидено со позитивните законски прописи. СДС мора да престане со злоупотреба на власта и институциите. Воедно ги повикуваме сите домашни и странски организации кои се задолжени за следење на избирачкиот процес, да го испитаат овој настан, рече Миле Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ.