497
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста повторно обвинува дека вештачки се прикажува дека епидемијата е под контрола, со цел да се оди на предвремени избори.
Опозицијата обвинува дека државата е рекордер во регионот по смртност, а на дното по бројот на направени тестови за корона вирусот.
„При вакви состојби, СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори, затоа што мислат дека така ќе се спасат. Се лажат. Македонија прво ќе ја победи епидемијата, а потоа ќе ги победи неодговорните и погрешни политики на Заев. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. Тоа народот ќе го казни“, велат од опозициската партија.