ВМРО-ДПМНЕ: Невладините на Сорос работеа за СДСМ, па добија фотелји во владата

by Фокус

Спрегата помеѓу СДСМ и Сорос го погреба невладиниот сектор, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Таканаречените невладини организации на Сорос кои се под директна контрола на СДС си го покажаа уште еднаш и дефинитивно своето вистинско лице. Тие никогаш не беа никаков невладин сектор, туку само слуги на политичките интереси на спрегата помеѓу СДС/Сорос. СДС и Сорос функционираат одлично и тоа не само кога треба да се уништуваат споменици, напаѓаат објекти и палат и ограбуваат канцеларии на Претседателот на Републиката, туку функционираат и одлично и кога треба да се валоризира потрошениот труд за насилното уривање на власта – изјави Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, поранешните невладини, а сега владини советници и чиновници докажале дека нивната цел никогаш не била да се биде граѓански коректив на власта, туку само да се доберат до фотелји и до позиции.

Поврзани новости