Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека скандал го тресе Министерството за одбрана после испраќањето на последната воена мисија во Авганистан.
-Со лична, партиска и политичка, а не професионална одлука, Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија. За тоа колку е мотивиран и професионален персоналот што го испраќа во Авганистан говори и фактот што дел од кандидатите воопшто не биле заинтересирани, ниту се јавиле на конкурсот распишан од министерството – вели Нацев.
Тој додава дека кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот.
– Дел од кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот, ниту за нив е направена проверка дали ги поседуваат соодветните НАТО сертификати, ниту е утврдено дали го познаваат англискиот јазик на неопходното ниво од 70%. Скандалозно – додаде тој.