ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе криење од директно соочување на Заев со Груевски

by Fokus

Голем е стравот кај аболицираниот криминалец Зоран Заев откако сфати дека крајот му е поблиску отколку што мислеше.Голем е стравот кај Заев откако сфати дека после 11-ти декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за се што и’ направи на Република Македонија. Вака денеска реагираа од владејачката партија откако Заев ги обвини носителите на листи на ДПМНЕ дека се криминалци.

– Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски. Нема бегање за СДСМ од соочување со волјата на граѓаните и нивното врвно демократско право самите да бираат кој ќе ја раководи државата. СДСМ на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев правеше се за да му го ускрати ова право на народот. Правеше се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и голема криза, да го истошти и исцрпи народот, а потоа за тоа да ја обвинува власта. Но тоа завршува на 11-ти декември – се наведува во нивната реакција.

 

Поврзани новости