Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Министерството за образование и оваа година не може да обезбеди учебници за учениците и дека освен што нема печатени учебници, нема ни дигитални.
Во соопштението до јавноста ВМРО-ДПМНЕ вели дека трета година по ред Владата не успева да ги обезбеди потребните учебници.
-Еден од многутте показатели за неспособноста на власта, во сите сфери на општеството, е и фактот дека веќе трета година по ред учениците нема да имаат учебници. Министерството за образование и министерот Јетон Шаќири и оваа година, како и последните две, нема да обезбеди учебници за учениците. Нема ниту дигитални учебници, има само ПДФ формат учебници. Дигитални учебници се учебници на кои што детето на таблет или на компјутер, може да работи на истите. Наставникот исто така може да следи дали сработил ученикот, кога сработил, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија граѓаните бараат одговорност што и оваа учебна година стартуваше без учебници.
-Ова е недозволиво и за земји во Африка. Очигледно е дека намерно се урнисува образованието на децата, во Македонија и за ова мора да има кривична одговорност. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите надлежни институции да превземат мерки и да се казнат сите одговорни, за оваа состојба во образованието, соопшти опозициската партија.