ВМРО-ДПМНЕ: Нема граѓанин кој Заев не го навредил

by fokus

СДСМ се дрзнува да зборува за комуникација, кога нема граѓанин кој Зоран Заев досега јавно не го навредил, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако СДСМ го обвини Христијан Мицкоски за недолично комуникација на фејсбук.

„Но, од лице кое е познато со изјавите „*баму името, *баму; „Се’ ќе соберам купче и шуто и рогато“; „После мамето ќе им го *бам“; Да ми прости ЈГБТ заедницата, еден ….“,  лице за кое медиумите се непријатели, а новинарите суетни, лице кое со секој негов говор или изјава се скандалозни, не се ни очекува ништо поинаку освен да продолжи да навредува. СДСМ изгледа не трга очи од профилите на Христијан Мицкоски, главна преокупација им е што ќе пише претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости