ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае бројките од попишаното нерезидентно население

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека ниту тој ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признаат бројките од попишаното нерезидентно население.

-Мојот став е дека дијаспората не може да биде дел од пописот, затоа што ако го прочитате Законот членот 8 став 2 и 3 јасно кажува кој дел од лицата кои во моментот на спроведување на операцијата попис не се наоѓаат во Македонија, туку се наоѓаат надвор од Македонија, односно со времен престој, а времен престој јасно значи дека тие не го откажале жиевалиштето. Сите лица кои имаат повеќе од 12 месеци одјавено живеалиште во Македонија не може заедно со мене да влезат во вкупната бројка на резидентно население, и јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме. И не постои сила која мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Евростат, рече Мицкоски.

Тој истакна дека сите оние кои се во моментот на попис надвор, а не го одјавиле живеалиштето во изминатите 12 месеци, можат да ја користат онлајн апликацијата, останатите не.

Поврзани новости