„СДС и ДУИ го девастираа системот во Македонија, институциите партизирани и заробени, криминалот, корупцијата и бандите царуваат со државата. Последен доказ за тоа е неказнивоста за упадот во М-НАВ иако тоа претставува скандал од меѓународни размери. Само со СДС и ДУИ упад во објект од критична инфраструктура се заташкува и се сведува на помалку од ситна кражба во продавница“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека „партизираните судство и обвинителство, како и МВР на Спасовски повторно докажаа дека се во служба пред се на ДУИ, каде СДС е само нем послушник“.
„Доколку ваков скандал, односно ваков бандитски упад се случеше на аеродром од западниот свет каде Македонија се стреми, како Вашингтон, Париз или Брисел истиот ќе беше третиран како терористички чин, за што потврдуваат и деновиве бројни експерти од воздухопловството. Сепак за партиското судство на СДС и ДУИ нема доволно докази ниту да се определи притвор за насилниците предводени од функционер на ДУИ, иако во моментот на нападот имало десетици прелети и авион кој кружи. Нејасно е што требало да се случи за овој случај судот да го сфати сериозно, дали требаше да се случи некоја несреќа за да се свестат за каков голем скандал се работи?“ се вели во партиското соопштение.